УХМР: Подготевете се за невреме во Македонија


Денес попладне и во вечерните часови од север ќе се спушта посвежа воздушна маса која на повеќе места ќе предизвика нестабилно време со пороен дожд и грмежи, особено во северните и источните делови. Локално има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Дневните температури ќе опаѓаат, почнувајќи од северните делови (за околу 5 степени), а во крајните југоисточни делови сеуште ќе се задржи многу топло, така што ќе бидат во интервал од 31 до 40 степени.

Во Скопската котлина попладне и во вечерните часови ќе има пороен дожд и грмежи, краткотрајно и со засилен ветер и можна појава на град.

Утре ќе преовладува променливо и свежо време со локални врнежи од дожд, кои попладне ќе престануваат. Ќе дува и засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за околу 10 степени.

Во вторник сеуште ќе дува повремено засилен северен ветер, а ќе започне период на стабилно време со постепено покачување на температурата, која кон крајот на работната недела ќе биде во интервал од 29 до 37 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1