Од утре посвежо со повремен дожд и грмежи


Намалување на дневната температура, локален дожд и грмежи, најавува за утре и во среда Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува и засилен ветер од југозападен правец.

Во четврток врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи.

Дневната температура во следните два дена ќе бележи постепено опаѓање, а позначителен пад ќе има во четврток, кога ќе биде и најсвежо.

Од петок се очекува стабилизација и повторен пораст на температурата на воздухот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1