Брутално убиена на бензиска поради 10.000 динари: Уапсен осомничениот за убиството на Кристина


Полицијата во Србија привела маж на информативен разговор во врска со убиството на Кристина Каплановиќ (19) на бензиската пумпа во Велики Мокри Луг.

Кристина била убиена во вооружен грабеж на бензиска, кога ја застрелале во глава.
Несреќната девојка настрадала поради 10.000 динари. Убиецот по грабежот е во бегство, а полицијата трага по него со месеци.

Според првичните информации осомничениот бил уапсен синоќа во Белград.

За потсетување, министерството за внатрешни работи на Србија објави парична награда за било каква информација во врска со ова убиство. Два милиони динари за личноста која ќе достави точна информација во врска со убиството.

Кристина почина четири дена по борбата на лекарите да и го спасат животот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1