Законите за минимална плата, стечајците и укинување радиодифузна такса поднесени во Собрание


Законот за минимална плата, за стечајните работници и за укинување на радиодифузната такса парламентарното мнозинство ги поднесе до Собранието на Република Македонија.

Според нив, како што стои во соопштението, овие закони од клучно значење ќе придонесат за повеќе пари кај граѓаните, за намалување на социјалните разлики и за исправање на децениската неправда со стечјните работници.

Со усвојување на Законот за минимална плата, сите вработени во сите стопански гранки ќе добиваат повисока минимална плата во висина од 12.000 денари. Тоа ќе важи и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки, кои веќе нема да бидат дискриминарани и да добиваат пониска минимална плата како досега, појаснуваат во соопштението.

Додаваат дека со Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, материјално ќе се обезбедат над 3.500 лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1995 година заклучно до 30 јуни 2017 година. Сите тие кои ги исполнуваат критериумите ќе добиваат месечен надомест од 7.596 денари.

Со измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе се укине радиодифузаната такса за сите граѓани и повеќе оваа давачка нема да биде финансиска обврска на семејствата.

– Поднесените закони носат придобивки за сите граѓани и затоа неопходно е сите пратеници од сите парламентарни партии да покажат одговорност и да ги донесат предложените измени што се во интерес на граѓаните, посочуваат од СДСМ.

Сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси и да се откаже од блокадите и опструкциите на Собранието, се со цел мерките што носат добро за сите да бидат што побрзо донесени.

– Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да работат во интерес на граѓаните, наведуваат во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1