Заев ќе го врати Таравари за министер ако не стане градоначалник


Премиерот Зоран Заев ќе го врати Арбен Таравари за министер за здравство ако изгуби во градоначалничката трка, без оглед што самиот си поднесе оставка.

Премиерот се повика на демократското право на неговата партија да победи на изборите.

„Во овој човек гледам квалитетен министер. Оставете ги луѓето слободно да ги избираат одлуките. Мојата демократска поставеност како шеф на оваа влада има граници. Да не преминеме во диктаторство. Не би сакал да се откажам од квалитетен човек ако изгуби“, порача Заев во „Топ-тема“ на „Телма“ оценувајќи потоа дека локалните избори се избори за личности.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1