Нападната мајка со дете среде паркинг во Скопје поради паркирање возило


Вчера во 19 часот и 30 минути во полициската станица во Центар, 35- годишната А.С.С од Скопје, пријавила дека околу 15 часот и 45 минути на улица “Антонио Грубишиќ“ откако го зела нејзиниот малолетен син од училиште тргнала кон нејзиното возило при што забележала дека до него стојат две машки лица и едно женско лице.

Истите веднаш почнале да ја навредуваат заради тоа што таму го паркирала возилото, а едно од лицата почнало да удира со тупаници по хаубата, потоа ја отворило вратата од возилото и со дланката ја удрило во пределот на главата, по што А.С.С. исплашена го стартувала возилото.

Лицето почнало да удира по возилото, по што го искршило десниот ретровизор, а оштетената успеала да побегне.

СВР-Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1