Уапсен руски пар канибали: Од 1999. година убиле и изеле 30 луѓе


Руската јужна Краснодарска област била шокирана од веста за парот канибали кои би можеле да бидат одговорни за 30 грозоморни убиства, пренеле локалните медиуми. Деловите од телата на некои од жртвите наводно биле “оставени за подоцна”.

Пар, маж и жена, биле уапсени, а се проценува дека би можеле да бидат одговорни за 30 смртни случаи, иако полицијата досега можела да идентификува седум жртви.

Парот признал дека делови од телата на некои од жртвите се сместени во фрижидер.

Парот наводно бил вмешан во киднапирање и убивање на своите жртви од 1999. година, кои подоцна ги јаделе.

Мажот бил уапсен порано овој месец, откако биле пронајдени остатоци од жена во воен дом. Како што се наведува, пронајдена е и канта со делови на мртва жена, како и торба која веројатно и припаѓа на жртвата.

Мобилен телефон бил подоцна откриен во Краснодар, а содржел вознемирувачки фотографии. На фотографиите се гледа маж – очигледно осомничениот – кој позира со делови од телото на распарчената жена.

Тој прво негирал дека ја убил жената, велејќи дека само ги пронашол посмртните останки и направил селфи, но подоцна го изгубил мобилниот телефон.

Полицијата сега го истражува овој монструозен чин.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1