Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по повод пресудата на поранешниот генерал Ратко Младиќ порачал на граѓаните на Србија дека мора да почнат да гледаат во иднината.
– Јас сум претседател на Србија и немам право да толкувам неправосилни пресуди. Знам дека емоциите зовреа во регионот, Србија жали за жртвите и ги почитува загубите, како што знам дека никој нема да жали за нас. Сите мора да се погрижиме да одиме напред.
– Ова е повик на сите граѓани на Србија да почнат да гледаат во иднина и да гледаат на тоа како ќе живеат нашите деца, да го зачуваме мирот во регионот, отвараме фабрики, да не се гушиме во солзите на минатото.
Истакнал дека ова е емотивен ден за генералот и неговото семејство, за семејствата на жртвите.
– Денес не е ден ни за среќа ни за тага, сите треба да се преиспитаме каква е нашата иднина, кој мисли да застане на патот на Србија на отворената врата гадно се лаже – нагласил претседателот на Србија.
Потенцира дека Србија секогаш ги почитувала загубите на другите, но тоа не е случај и со српските жртви.