Поевтиниот роаминг со Бугарија ќе се официјализира утре


Владите на Македонија и на Бугарија го одобрија меморандумот за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и македонското Министерство за информатичко општество и администрација за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги, соопштија прес-службите на владините кабинети на двете држави.

Меморандумот ќе биде потпишан утре во тек на заедничката седница на владите на Македонија и на Бугарија што треба да се одржи во Струмица. Со него министерствата се обврзуваат да ги поттикнат мобилните оператори да склучат меѓусебни спогодби кои ќе доведат до трајно намалување на цените на мало на роаминг услугите за крајните корисници. Моментно тие се едни од највисоките во Европа, меѓу 2,99 лева и 6,99 лева за минута разговор и 26 лева за мегабајт, се вели во соопштението на македонската Влада.

Од прес-службата на Владата на Бугарија, пак, наведуваат дека намалувањето на цените во роаминг на државите од Западен Балкан и ЕУ е меѓу приоритетите на бугарската Влада и на бугарскиот еврокомесар Марија Габриел.

Тоа, се посочува, е дел од мерките за подобрување на поврзаноста на сите нивоа во регинот, што ќе има влијание на контактите меѓу граѓаните и фирмите. Паралелно со политичката поддршка за европската интеграција на Западен Балкан, Владата е решена да поддржи и низа други практични решенија кои ќе го помогнат развојот на регионот како заеднички пазар со 22 милиона лица.

Македонија е првата држава од Западен Балкан на која Бугарија ѝ предложи билатерално укинување на роамингот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1