Актерот Владо Јовановски, оперскиот пејач Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски, активистот Горан Ангелов – Ќосето, режисерот Борис Дамовски, пратениците Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска и останатите дваесет и осум осомничени за случувањата на 27 април во собранието – се поопасни за македонското општество од терористите од Косово кои во Диво Насеље предизвика вооружен судир со полицијата кој резултираше со осум загинати полициски службеници, смета Основното Јавно Обвинителство.
Република направи споредба на кривичното дело за кое се товарат обвинетите од Диво Насеље со кривичното дело за кое се товарат пратениците и патриотите кои на 27 ми април влегоа во Собранието.
ОЈО ги терети терористите од Диво Насеље за кривичното дело „Терористичка организација“, во кое според членот 394-а, предвидена е минамална казна од 8 години затвор.
Од друга страна, кривичното дело за кое се теретат осомничените за настаните од 27 април од Основното Јавно Обвинителство е „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, за кое Членот 313 од кривичниот законик предвидува затворска казна од минимум 10 годин.
Владејачката ДУИ и премиерот Зоран Заев, по барање на Косовската влада побараа меѓународна истрага за терористичкиот напад во Диво Насеље.. Во овој случај , кој од ОЈО е третиран како помало кривично дело од настаните од 27ми април имаше осум загинати полициски службеници, за разлика од настаните од 27ми април кога имаше повредени пратеници за кои насилниците веќе одлежуваат затворска казна.
Имено ниту едно од денеска приведените лице кои се товарат за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, не учествувало во било какво насилство во собранието.
Republika.mk