Во 5 часот изутрина со кршење на вратата полицајците упаднале во домот на пратеничката Жаклина Пешевска која е мајка на три малолетни деца, пренесува Алфа ТВ
Според информациите на АЛФА маскираните полицајци и Алфите без прашање и предупредување започнале да превртуваат дел од имотот на пратеничката додека трите малолетни деца плачеле од страв и ги молеле полицајците да не го прават тоа.
Спореди индормации до кои дојде Република, еден од полицајците им се обратил со зборовите „бегајте да не ве гледаме”. Еден од полицајците замавнал по малолетните деца, на што остро изреагирал нејзиниот сопруг.
Жаклина Пешевска е пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и една од осомничените за настаните за 27 април.