Утре на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и на Централниот во четврток ќе се разгледува иницијативата за одложување на Конгресот, објави порталот Вечер.
Пратениците Илија Димовски, Антонио Милошоски, Трајко Вељановски, како и дел од основачите, од Извршниот комитет на партијата побараанов рок за доставување на кандидатури и одложување на датумот за одржување на конгресот.
Оваа иницијатива на пратениците Милошоски и Димовски ја подржаа основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски, Владо и Дијана Транталовски, Драги Арсов, како и неколкумина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од минатите парламентарни состави.