Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидна екипа на Министерството за внатрешни работи врши увид на местото на настанот каде денеска околу 18 часот е застрелано едно лице.
Настан се случил во непосредна близина на местото на живеење на сега починатото лице, на улица Џон Кенеди спроти Средното училиште „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир. Првичните сознанија се дека пукањето следело по вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, по што сторителот посегнал по огнено оружје и го застрелал 24 годишното момче. Од здобиените повреди кај жртвата настапила смрт. Стоителот се дал во бегство.
По наредба на јавен обвинител се подигаат траги од лице место кои ќе бидат предмет на обработка. Издадена е и наредба за обдукција на починатото лице.
Основното јавно обвинителство Скопје работи на утврдување на фактите во кривично правниот настан за што јавноста ќе биде дополнително информирана.