54 годишна докторка од Охрид заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и три кривични дела „несовесно лекување болни од страна на лекар“.
Според полицијата, во 2017 година, пријавената, гинеколог акушер за прием и породување на родилки, на родилките и членовите на нивни семејства им продавала ампули за полесно породување. При тоа им наплаќала износи во готово, без да им издаде сметка за извршеното плаќање.
На тој начин лекарката стекнала со материјална корист од 19.300 денари.