Вчера во Скопје почина проф. д-р Дагмар Оровчанец, истакнат гастроентерохепатолог, наставник и стручњак во својата област.
Проф. д-р Дагмар Оровчанец е родена во Љубљана. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград во 1980 година. Својата професионaлна кариера ја продолжила во Скопје на Клиниката за гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет, УКИМ – Скопје каде специјализирала, докторирала и супспецијализирала во областа на гастроентерохепатологија.
Како професор на Медицинскиот факултет во Скопје беше исклучително посветена на факултетот, на студентите, специјализантите, магистрите и докторандите.
Од 2007 година беше дел од тимот на Приватната болницата „Ре Медика“, Скопје.
Проф. д-р Дагмар Оровчанец важеше за исклучителен стручњак во својата област, ценет и почитуван колега, посветен наставник и, пред сè, човек во вистинска смисла на зборот.