Дваесет и четири годишна србинка од Ниш на 27 овој месец била силувана и ограбена од тетовец кој и помогнал да влезе во Македонија преку див премин.
Како што соопшти МВР вчера околу 10 часот 24-годишната М.Б. во Полицската станица-Тетово пријавила силување извршено над неа на 27 овој месец од страна на Ј. Џ. од Тетово. Вечерта околу 23 часот, М. Б откако ја преминала државната граница на див премин, Ј. Џ. ја земал со кола и се движеле по шумски пат за село Пирок. Во еден момент истиот застанал со возилото, физички ја нападнал, ја силувал, по што ја донел во Тетово каде и рекол да излезе од возилото и не и дал да си ја земе гардеробата и накитот кои ги носела со себе, по нејзино кажување во вредност од неколку илјади евра.
МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.