Украдена најскапата вотка од 1,3 милиони долари


Данската полиција истражува кражба на шише вотка за кое се тврди дека е најскапо во светот, со цена од 1,3 милиони долари.

Истражителот Кнуд Хвас рекол дека е рано да се каже дали крадецот провалил во „Кафе 33“ или користел клуч. Сè друго е недопрено.

Данската ТВ2 навела дека шишето „русо-балтика“ е направено од три килограми злато и исто толку сребро, со чеп со дијаманти.

Сопственикот на кафулето, во кое има 1.200 шишиња вотка, изјавил дека вотката не е осигурана и дека била позајмена од руски бизнисмен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1