Македонската фаланга добива засилување: Еве колку автобуси тргнале утрово кон Загреб


Македонската репрезентација дефинитивно ќе има уште поголема поддршка на трибините на вечерашната средба против Црна Гора. Ракометна треска владее во нашата земја, кон Загреб утринава се упатиле најмалку пет автобуси, објави спортскиот портал Спортмедиа.

-Нашите информации велат дека кон главниот хрватски град утринава се упатиле најмалку пет автобуси. Но, ова не е единствената поддршка која доаѓа од Македонија, дел од фановите ќе дојдат со автомобили, а да не заборавиме дека против Словенците имаше околу 3.000 навивачи. Победата на стартот на Европското првенство го продолжи престојот на дел од Македонците кои планираа во Загреб да останат само за време на викендот, објави порталот.

Оваа бројка ветува нова фешта во Арената, останатото е на ракометарите, да го дадат максимумот против Црна Гора и уште вечерва да го завериме местото во следната фаза.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1