Новинар, водител и писател Вања Булиќ утрово доживеал шок во една телевизиска емисија во која гостувал и тогаш му била соопштена веста дека во Косовска Митровица е пукано во Оливер Ивановиќ.
Имено, Булиќ во емисијата објаснил дека Ивановиќ му е братучед од тетка.
– Мојата мајка, и неговата мајка се сестри… Мојата мајка е од Ивановиќ, тоа е таа цетинска линија, објаснил булиќ, кој на ТВ гостувањето дошол поради друг повод, а на истот место го затекна најстрашната вест.