Партијата на Бачев се прекрсти во Единствена Македонија, ќе бара сојуз со Русија


Партијата на Јанко Бачев наместо Народно движење за Македонија ќе биде со називот Единствена Македонија, информираа денеска од таму.

– Реконструкција на Извршниот комитет на партијата, во кој, меѓу останатите, ќе членуваат и проф. д-р Стефан Влахов Мицов, кој истовремено ќе биде и заменик претседател на партијата, Драган Угриновски, претседател на Македонското патриотско здружение „Тврдокорни„ кое гледаме дека е мета на одредени структури во државата со обидот за наменско промовирање на паралелно здружение со ист назив, но, како што гледате вистинското здружение Тврдокорни е денеска тука, Зоран Јованчев претседател на Здружението „Македонија и Русија„ – МИР, Вангел Симев универзитетски професор и поранешен пратеник кој останува запишан во македонската историја со гласањето против штетните договори во Собранието вклучувајќи го и капитулантскиот рамковен договор во 2001, Игор Јорданов приватен бизнисмен и Ацо Николовски исто така приватен бизнисмен. Новоизбраните членови, заедно со останатите членови ќе го сочинуваат 13-члениот Извршен комитет на партијата – вели Бачев.

Тој најави дека Единствена Македонија ќе се залага за радикален пресврт во македонската политика со повлекувањето на актите за прием на Македонија во НАТО и ЕУ и барање за членство на Македонија во Евроазиската економска унија и стратешко партнерство со Русија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1