Во Скопје на 85 години почина Љупка Апостолова, долгогодишна спикерка и интерпретаторка на забавна музика во МРТ.
Љупка Апостолова е меѓу првите интерпретатори на македонските шлагери и евергрини, кои ги пееше во живо со оркестрите на РТВ и што се дел од ризницата на естрадата чии почетоци беа кон почетокот на шеесеттите. Ќе остане запаметена по впечатливиот глас.
Погребот на Апостолова ќе биде в сабота на градските гробишта во Скопје.