Пред само два дена 15 годишно момче од Скопје почина во операционата сала на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимиција, интезивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје. Момчето не е спасено подари тоа што Клиниката за траумоталогија немала лек, кој всушност требало да го има.
Момчето било примено со скршеница на колено, при што му било ставено анестезија без да биде претходно прегледен. Во овој случај ова кај него било кобно, бидејќи како што посочува Д-Маја Мојсова, управителка на Карил „Станува збор за генетска мутација при која има патолошки одговор на клеточното ниво на анестетици“.
Таа во емисијата 24 Анализа додава дека самата генетска мутација влијае анестетикот да влијае штетно на целиот организам, со зафаќање на белите дробови, срце, црниот дроб. Во случајов најголема реакција имало кај белите дробови.
Д-р Маја Мојсова посочи дека за вакви случаи „Постои лек кој не значи дека ќе спаси живот но, може да помогне во ситуации како во случајот со 15 годишното момче. Лекот не е нов, но е скап и го не нема на Хируршките клиники“.
„Станува збор за Дантролен кој не е регистриран во Република Македонија. Овој лек може да помогне, што не значи дека ќе го спаси животот но, може да помогне во спасување и ние се уште бараме начин каде да го најдеме, додаде Мојсова“.
Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, ќе го пријави во Агенцијата за лекови несаканиот ефект од анестетикот по случајот во кој 15-годишно момче почина во операциона сала. Д-р Маја Мојсовска, директор на КАРИЛ, вели дека иако причина за смртта на момчето не е самиот анестетик, сепак случајот мора да го пријават во Агенцијата за лекови.
„Законски мора да го пријавиме како несакан ефект од анестезијата. Внатрешната комисија на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар во случајов не утврди лекарска грешка, односно за време на операцијата почитувани се и оперативните и анестезиолошките протоколи“, вели д-р Мојсова.