Талентираната пејачка, Мина Николиќ (31) плени со својата енергија, насмевка и шарм. Јавноста ја знае откако пред неколку години се појави во Јас имам талент. Тогаш покажала дека и покрај тешката болест на бубрегот поради која редовно оди на дијализа со години наназад, може да се бори за она што ти е битно во животот.
За својата болест зборувала пред медиумите повеќе пати, со желба да ја рашири свеста кај луѓето, дека луѓето кои одат на дијализа не сакаат да ги паметат по тоа, туку сакаат да остават свој печат, и со своето постоење и креативност сакаат да променат бар дел од овој свет и да го направат подобар.
– Мојот сон е во живо настапување со различна музика по дискотеките. Би сакала луѓето подобро да ме запознаат низ музиката – кажала Мина.
Сега Мина меѓу другото се нашла во многу незавидна ситуација. На својот Инстаграм профил поставила загрижувачки оглас: да го продаде станот бидејќи итно и е потребен бубрег.
Покрај сликата, објавила и опис:
– Продавам стан, да си купам бубрег. Во денешно време сите бараат донации за операција и добротворно за истите се собираат пари! Јас продавам стан, сопственик сум. Ми требаат пари за трансплантација на бубрег – напишала Мина.