Новинарот во МТВ Реџеп Ќамили ја потресе македонската јавност со својот фејсбук пост.
Тој најави тужба против детската клиника, бидејќи неговата внука од брат е во тешка состојба, бидејќи докторите ја лечеле од се, освен од она што треба.
– Јавно кажувам дека ќе ја тужам детска клиника!!! Ја ,,лечеа’’ од се само не од тоа што треба! Од понеделникот ја префрлија во болницата во Козле со сомневање дека има туберкулоза, за на крај да констатираат СЕПСА!!!!! Ерда Ќамили, мојата внука од брат, е во лоша состојба и утрово повторно е прфрлена во интензивна на детска клиника, а менаџементот на оваа болница со обезбедување ја чуваат интензивната бараат од мене да се смирам!!! Идете у бестрага ако треба правдата ќе ја земам во свои раце ама ова е ПРЕМНОГУ!!!!’’, пишува тој.