Познатата авторка на најголемите српски хитови Марина Туцаковиќ се лекува на Институтот за онкологија и радиологија во Србија.
Како што пишуваат од срски „Телграф“ веќе неколку недели се лекува од рак, а како што тврдат извори на тој портал, нејзината состојба се влошува.
Таа прима терапија и сите се надеваат дека од сето ова Марина ќе излезе како херој.
Марина е една од најпознатите автори на текстови која пишува песни за најголемите српски ѕвезди како Цеца, Карлеуша, Аца Лукас, Здравко Чолиќ, Северина и други.