Маж на возраст од околу 30 години, според неофицијалните информации, изрешетан е вчера со повеќе куршуми во Лесковац.
Трагедијата се случила во близина на маекретот Златен траг, односно во влезот на станбената зграда Б4 и Б5, а како што пишуваат српските медиуми, станува збор за Н.Ј од Лесковац, кој синоќа со другарите го прославувал роденденот во блзина на паркот.
Кога тргна за накај дома, буквално е изрешетан на среде улица.
Мештаните велат дека пукањето ги разбудило, а утрината на среде улица го виделе крвавото тело на човекот.
Полицијата и форензичарите утрово го однеле телото. Се претпоставуваат дека убиецот или убијците пукале во момчето од далечина.
Според неофицијалните информации убиеното момче е син на полициски службеник.