Партиите имаат една недела да најдат решение за 35.000 амандмани


Претседателот на Собранието им дал една недела на политичките партии да најдат решение, затоа што можностите што тој ги имал како претседател се исцрпени.Џафери во емисијата „200“ на ТВ Алсат рече дека е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците без притоа да се прифати разгледување на 35-те илјади амандмани кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе. Според Џафери, ВМРО-ДПМНЕ ќе има право на процедурална забелешка. Предупреди дека Собранието не смее да биде заложник за никого.

Џафери рече дека немало доволно гласови за да продолжи постапката бидејќи некои од пратениците на СДСМ се изјасниле дека нема да гласаат за законот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера посочија било побарано да ги повлечат амандмани што тие одбиле, дека проблемот за непочнување на седницата настанал помеѓу ДУИ и СДСМ.

Пратениците од СДСМ, пак, посочија дека сакаат решение кое ќе биде Деловничко, односно да се отвори дебата за амандманите, а не онака како што предложиле од ДУИ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1