Димитров појасни зошто не би прифатил име „Горнамакедонија“


На почетокот заедничката прес конференција по средбата меѓу шефовите на грчката и македонската дипломатија, македонскиот министер, Никола Димитров имаше проблеми со микрофонот, па откако неколку пати му се исклучуваше, техничките проблеми се средија, а тој се пошегува.

-Се надевам нема трета партија која интервенира во нашите односи, рече Димитров на шега и му се обрати на како што рече драгиот колега Коѕијас.

На прашање од грчки новинар за предлогот „Горнамакедонија“, како слеано име и непреведено, Димитров одговори зошто тој предлог не е прифатлив.

-Во дилема сум бидејќи обично јавно не отворам позиции, дали да одговорам директно и прецизно или општо во целина. Мислам дека во сегашната привремена референца, ФИРОМ, постои името Република Македонија. Тоа име е преведливо на шестте официјални јазици во ОН. Мислам дека тука тешко ми е на својот народ да му кажам бидејќи ние сме народ под тоа име, иако идентитетот разликува кога ќе се каже Македонија во Грција и Македонија во нашата земја. Тешко е да се аргументира кога имаме еден збор како тој. Ако се изговори брзо може да се подизгуби, да не звучи како Македонија. Мислам дека е тоа тежок аргумент, мислам дека можам да најдам многу аргументи да објаснам зошто тоа не е најдобар правец, рече Димитров на новинарското прашање.

Коѕијас денеска на прес-конференција се заблагодари на премиерот Зоран Заев што му дава можност за креативна дискусија, како и на Ахмети, Мицкоски и Џафери кои ќе имаат можност да чујат што се постигнало.

Според Коѕијас не е лесно ништо во политика.

– Животот си гу нуди решенијата и тоа е многу скапо. Министрите се должни да најдат решенија, покрај мислењата на јавноста. Треба да се помогне со решенијата на земјите и проблемите, вели тој.

Според него мора да има соработка поширокиот регион и да се влезе во ЕУ.

– Двете страни да добијат од сето ова, да имаат придобивки, да не изгуби никој, вели тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1