Што се случува на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза испитува стручна комисија формирана од министерот за здравство, откако директорот на Установата обелодени дека 21 пациент речиси една година биле лекувани од туберкулоза, а болеста не им била дијагностицирана. Филипче потенцираше дека детално ќе бидат анализирани медицинските досиеjа на сите пациенти, пишува Сител.мк
– Веднаш по изјавата формирав комисија од стручњаци од областа на Пулмологија кои ја испитуваат работата на институцијата и досиеата на сите пациенти и штом ќе имаме резултати ќе излеземе во јавност, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Во петокот директорот на Институтот за ТБЦ изјави дека лекари не можат да препознаат туберкулоза бидејќи кај нив немало катедра за едукација на кадар.
Инаку првиот човек на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза е специјалист гинеколог, а на функцијата директор беше поставен во август минатата година.
Sitel.mk