Владата и префрли пари на општина Крушево за изградба на споменик на Тоше


Владата на Република Македонија на 65-та седница на предлог на Министерството за култура ја усвои предлог програмата за користење на средства за изградба на спомен обележје на Тодор Проески во Крушево со која средствата обезбедени во буџетот се префрлуваат на општина Крушево.
Освен ова, министрите разгледаа информација за прогрес на реализација на акцискиот план за пристапни рампи за лицата со инвалидност, како и информацијата предложена од Министерството за информатичко општество и администрација за статусот на реализација на Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2016-2018 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1