Се враќала од работа кога монструмот ја покосил на тротоар – таа е прва од 10 жртви од нападот во Торонто!


Идентификувана е првата жртва на вчерашниот напад на комбе во Торонто. Се работи за Ен-Мари Ди Амико. Таа се враќала од компанијата за капитални вложувања Инвеско во која работела.
Седиштето на компанијата е во близина на улицата Јонг во која Алек Минасиан(25) намерно се забил во масата луѓе.

Ди Амико работела како финансиски аналитичар. Нејзините колеги имаат само пофални зборови за неа.

-Беше полна со живот, секогаш одлично расположена и насмеана. Обожуваше да патува. На сите во фирмата ни недостига нејзината насмевка – рекле колегите на Ен-Мари, првата идентификувана жртва на масакрот во Торното.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1