16 сватови затруени од храна од ист ресторан во Штип


16 лица се хоспитализирани на инфективното одделени во штипската Клиничка болница. Причина е труење со храна. Сите тие биле гости на 3 различни свадби што се одржале во еден ист ресторан во Штип, во петокот, саботата и неделата, кога и започнале да пристигнуваат првите пациенти.

– Во неделата на инфективното одделение јавени се неколку души, со симптоми на повраќање, проливи, малаксаност и грчеви во стомакот. Истите се задржани во болницата. Наредните денови по 3-4 лица се јавиле на инфективното одделение со истите симптоми-изјави МАРИНА ШУМАНСКА, ПОРТПАРОЛ НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА – ШТИП

Според извршените анализи во Центарот за јавно здравје, кај 13 пациенти е утврдено присуство на салмонела. Веднаш по добиениот допис од болницата од Центарот излегле на терен и земале мостри од работните маси на ресторанот каде се приготвува храна, но се уште не може со сигурност да се тврди дека од земените брисови ќе се изолира бактеријата салмонела. Меѓу хоспитализираните пациенти е и едно детe, а се претпоставува дека бројот на затруени лица е многу поголем, кои или сами се лекуваат или кај своите матични лекари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1