Македонската полиција ги бара телата на двајца полицајци кои синоќа излетале во реката Лепенец


Двајца полицајци од Косово синоќа излетале со службеното возило во реката Лепенец, јавуваат косовските медиуми, објави Телевизија 24.

Потрага освен на косовската страна се прави и долж течението на реката Лепенец, на македонскиот граничен појас, во близина на селото Блаце.

Полициски извори брифираат дека македонската полиција постојано е во координација со косовските колеги, бидејќи се претпоставува дека телата може да бидат пронајдени и однесени со реката на македонската страна од границата.

Според косовските медиуми, огромен број на полицајци, пожарникари со часови ги бараат двете тела.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Бејтуш Гаши го посети граничниот реон во кој се трага по полицајците во изјава за медиумите вели дека се уште немаат точна информација што се случило и како дошло до несреќата сиоќа околу 20 45 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1