Двесет и едногодишна девојка од Свети Николе рано утрово загина загина во сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип.
Според информациите од портарпоролот на СВР Штип Гордана Панајотова несреќата се случила во 5 часот и 15 минути а до неа дошло кога возило марка „ауди“ директно се удрило во електричен столб и преминало на другата страна на булеварот.
Возачот на возилото веднаш е пренесен во штипската Клиничка болница и е во контактибилна состојба.
Според податоците, околу 05,30 часот во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Ауди“ со светиниколски регистерски таблици управувано од 21-годишната Б.Т. од Каратманово-Свети Николе удрило во електричен столб. Од здобиените повреди, на самото место починала сопатничката, 21-годишната В.Г. од Свети Николе, а возачот бил пренесен во Клиничката болница во Штип.
Читател на Пресс24 испрати фотографија, која е навистина страшна и ја леди крвта.