Заев до Мицкоски: Никогаш не сум се возел во луксузниот мерцедес на Груевски


Мицкоски го праша премиерот Заев дали му е удобно кога се вози во мерцедесот, на што доби одговор од претседателот на Владата дека никогаш не се возел во ова луксузно возило кое го набави поранешниот премиер, Никола Груевски кој денес за таа набавка доби затворска казна.

Мицкоски порача дека не треба човек да биде храбар за да седне на ТВ дуел, туку треба тоа во иднина да биде пракса.

Во врска со пресудите за него и за Груевски, Заев рече дека богови во постапките се доказите.

„Судиите мора да внимаваат, но разликата денес е голема. Денес има отворена судска постапка и верувам дека Македонија заслужува да добие отворена судска постапка. Богови во постапките се доказите, и од тоа дали ги има или не, нема зависи одлуката. Денес отворено се зборува за се. Не е сјајно и нема кадровски промени се уште и реформите прво треба да ги направиме во својата глава, а и ние политичарите. Постапката и против мене и против Груевски ја следеше целата јавност. Македонското правосудство е на добар пат за да дели правда”, рече Заев.

Заев рече дека не смее да има недопирливи и законот мора да важи еднакво за сите.

-Нема недопирливи и не смее да има. Денеска во Македонија слободно се коментира, а власта знае да се повлече. Ако еден се огреши, мора да замине од власт. Фирмите на Заеви постојат повеже од 30 години. Треба де зборуваме за иднината на граѓаните и да работиме за нив без разлика дали сме власт или опозиција. Жал ми е што опозицијата не дава идеи. Законот мора еднакво да важи за сите, секој што ќе се огреши мора да одговара. Јас сум убеден дека тоа време доаѓа, после 11 години не можете се наеднаш да промените. Сите треба да одработиме заедно за државата, рече Заев.

На ова Мицкоски одговори дека тој и Заев не се во исста ситуација денес.

„Ние сме во нерамноправна ситуација со премиерот, тој е три пати помилуван до сега, првиот пат за Глобал, па за Пуч, па сега за Поткуп. И снимките кои ги вети Заев не беа пуштени во јавноста, а беа ветени. Сега имаме премиер на држава кој ги погодува пресудите и кажува дале ќе биде ослободен или не. Нас ни фали незавинстост на судиите“, му реплицираше Мицкоски на Заев и му порача дека требало да дозволи да биде осуден, за граѓаните да имаат доверба во судството.

Заев реплицираше дека новата Влада го отворила судството како пупка, денес нема нарачување на судски одлуки и СЈО се формира бидејќи ВМРО-ДПМНЕ до гуша беше заглавено во лаги. Денес додаде Заев, нема нарачување на судски одлуки по телефон, кои цела јавност ги слушна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1