Трите премини кон Грција денеска затворени за сите возила


Сообраќајот на трите гранични премини кон Грција од денеска е во 24-часовен прекин поради штрајк на грчките цариници. ГП Меџитлија е затворен од ноќеска на полноќ, ГП „Стар Дојран“ од 5 часот, а ГП „Богородица“ е затворен од 7 часот утрово.

Како што соопшти МВР, грчките гранични полициски служби известиле дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на утрешниот ден сообраќајот на граничните премини со оваа соседна земја ќе биде во застој.

Според добиеното известување, на грчкиот дел од премините ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1