Перуанската војска фатила суштество со изглед на лилјак, а самиот негов поглед ви ги стресува коските, особено кај оние што имале прилика да го видат како лета на небото.
Станува збор за митоложко животно чупакабра, кое се храни со крв од животни. Така гласи во легендите и митовите. Со научно објаснување е едноставно: најверојатно станува збор за летечка лисица, врста на мега-лилјак, карактеристична за филипинските шуми.
Гигантскиот лилјак што бил фатен од перуанската војска, предизвикал голем страв кај жителите. Ниту самите војници не можеле да поверуваат какво чудовиште лета по небото.
Според многубројните наводи, ова суштество „најблаго кажано“, ги исплашило оние што имале прилика да го видат, поминувајќи низ Перу и останатите земји на Јужна Америка, а мештаните таму го нарекувале „ Chupa Cabra “.
Чупакабрите се митолошки животни од различни врсти, кои се наоѓаат во руралните и далечните предели на Јужна Америка, а воглавно станува збор за суштества што ретко може да се видат, а уште помалку да се фатат, иако стравот од нив е општо-присутен на тие простори.
Митот за постење на чупакабра потекнува од Порторико, но со текот на времето се раширил и на останатите земји на Централна и Јужна Америка – Костарика, Мексико и Перу.
Овие митски животни неретко се обвинуваат дека ја пијат крвта на домашните животни.
Постои и научно објаснување дека се работи за огромен лилјак, загрозен вид, познат како гигантска златноглава летечка лисица. Живее во шумите на Индонезија и Филипините.
Многу тешко е да се видат во природа.