За паметни телефони: Апликации што може да ви го спасат животот



Користењето на паметни телефони има бројни предности. На нив може да инсталирате апликации кои може да ви го спасат животот.


Паметните телефони нудат можност за инсталирање на многу апликации. Некои од нив би можеле да ви го спасат животот:

1. StreetSafe
Во случај на потреба од оваа апликација можете да активирате тивок аларм, што автоматски ги известува контролните служби, од каде се алармира полицијата и препраќа патролно возило на вашата локација. Истата апликација ги известува и итните служби и за евентуална болест ако ја имате, а за која тие би требало да знаат доколку се најдете во критична ситуација. Ако ви е страв да одите по мрачни улици, оваа апликација ви нуди опција разговор со „советник за сигурност“ кој ќе биде на линија се додека не дојдете на сигурна локација, или, доколку се најдете во опасност за тоа да ја извести полицијата.

2. SafeKidZone
Оваа апликација програмира копче на уредот, кое служи како копче за алармирање. Дете може да ја притисне ако се најде во неволја, а семејството би било известено преку порака, e-mail или повик. Повикувачкиот центар ја утврдува апликацијата со GPS – координати, започнува конференциски повик, така што родителите и пријателите ќе можат да ги преземат потребните мерки. Доколку се работи за итен случај, центарот за итни служби праќа фотографија од детето и локацијата на која се наоѓа, како и информации за случајот.

3. Snap Secure
Оваа апликација праќа знаци за алармирање на сите контакти во случај на потреба, на четири различни платформи: по пат на повик, e-mail, пораки или пораки на Твитер. Можете, на пример, да го програмирате и мобилниот телефон на своето дете, па така ќе добиете известување кога тоа ќе прими e-mail или порака од непознат број или од непознат извор. Исто така можете да го следите неговото движење, а системот ви праќа известување секогаш кога ќе се појават неправилности во движењето на детето.

Share Button
Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1