На семејството чии деца изгореа во пожар не им бил понуден социјален стан


Инспекција од Министерството за труд и социјала проверува дали Центарот во Велес можел да ја спречи трагедијата во која живи изгореа три деца..

За министерката Царовска, одговорноста на социјалните работници завршувала со исплата на социјални права, а тие семејството ги користело.. Земале социјално а добиле и еднократна парична помош.. Според Царовска, социјалните служби уште пред големата несреќа им нуделе сместување под кирија на Никола и Марина, но тие одбивале..

По пет дена од големата трагедија Никола и Марина денеска прифатиле да земат стан под кирија за еден месец.. Труд и социјала се обврзало во овој период да изнајде начин за трајно сместување на семејството..

Инаку претходно таткото на децата обвини дека не добивале речиси никаква поддршка од Центарот за социјални работи во Велес.. Според него, дури по несреќата надлежните се сетиле на нив и понудиле помош..

Теона, Петар и Драгана, живи изгореа во средата во нивниот дом од околу 10-тина квадрати.. Родителите ги заклучиле и заминале во продавница.. Се уште не се познати причините за избувнување на пожарот во објектот кој немал струја ниту пак горел оган.. Од обвинителството и полицијата велат дека истрагата е во тек, се анализираат собраните докази а се проверува и колку време родителите биле отсутни од домот..

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1