Забавата за НАТО заврши. Власта и граѓаните се забавуваа во 15 градови, а во наредните неколку дена граѓаните ќе треба да бидат информирани колку пари од буџетот ќе се платат за вчерашната забава. Власта прослави, а медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, како што ги нарекува власта, потврдија дека концертите пропаднале.
Вака беше во Охрид…Порталот Курир објави видео вест со која потврдија дека никој не дошол на организираната забава од власта, а подоцна веста ја демантираше СДСМ. Во испратеното соопштение, тие велат дека сцената од ова видео не е иста со таа на која се снимени изведувачите, а и Ди-џејот што се гледа на видеото не е бил на листата со уметници за прославата. Тие и порачаа на опозицијата да не се занимава со лажни вести и да кажат дека и нивни членови биле присутни и уживале во музиката. Премиерот Зоран Заев изјави дека има за што да се прославува. Тој ги повика граѓаните да размислат каде биле пред една година а каде се сега.
Владата се уште не излегла со официјален извештај во врска со тоа колку ќе ги чинат граѓаните вчерашните концерти. Од друга страна, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на неговиот твитер профил напиша дека за “фејк прославата“ како што ја нарече, потрошени се 400 илјади евра државни пари.
И министерот за надворешни работи, Никола Димитров, додаде дека вреди да се прослави за нешто што сме го чекале долги години, како што е членството во НАТО. Тој рече дека дошло време кога треба сите да се обединат за државата да оди во вистински правец.
Синоќа владата организираше концерти во 15 градови низ Македонија, со 40 музичари, за да се прослави историскиот успех на државата – добивањето покана за почеток на пристапни преговори за членство во НАТО и датум за почеток на преговори со ЕУ.