Обвинение за бендот Пуси Рајот за упадот на финалето на СП


Иако на снимката на финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал не можеше да се види кои влета на теренот на среде натпревар, тоа се дозна со подигнувањето на обвинение.

Имено, како што е денеска објавено, руските власти подигнале обвинение против членовите на панк бендод „Pussy riot” поради “кршење на правото на гледачите“ и нелегално носење на полициски симболи, кога со упадот на теренот накратко го прекинаа финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал.

На четворицата им се заканува казна до 11.500 рубљи (околу 155 евра) или 160 часови работи во јавен интерес, јави синоќа агенцијата Интерфакс.

Тројцата мажи и жена во полициски униформи во 52 минута од натпреварот предизвикаа краток прекин на финалето меѓу Франција и Хрватска на московскиот стадион „Лужники“ кој има капацитет од 81.000 гледачи.

На финалето присуствуваше и претседателот на Русија, Владимир Путин, а натпреварот во живо беше пренесуван ширум светот.

„Pussy riot” на социјалните мрежи повика на ограничување на полициските овластувања и на други реформи во Русија. Групата со години му се спротивставува на Путин, а нејзините членови поминаа неколку години во затвор поради организирање на различни протести.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1