Референдумот и натаму е отворено прашање


Лидерите на четирите најголеми политички партии од македонскиот и албанскиот блок не најдоа заеднички јазик за референдумот по седум часовната маратонска средба. Договор има само за ДИК и за техничка влада по пржинскиот модел, пред секои избори. По средбата, премиерот Заев го обвини лидерот на опозицијата Мицковски дека има лажни заложби за евроатлантските интеграции на земјава. Заев порача дека се што било договорено на лидерската ќе се спроведе, а граѓаните ќе имаат шанса на референдум да се изјаснат за тоа дали Македонија сака да биде членка на ЕУ и НАТО

Мицковски пак порача дека ги штитат интересите на Македонија и бараат почитување на законите и процедурите. Референдумското прашање, рече тој мора да биде еднозначно.

Лидерот на ДУИ пак, Али Ахмети посочи дека државните интереси мора да бидат ставени пред партиските. Попладневниот ден од средбата го нарече разочарувачки.

Со слична порака излезе и претседателот на едно од крилата на БЕСА, Билал Касам, кој ги повика партиите во следните денови да рефлектираат на своите одлуки. Лидерската средба започна рано утрината во 9 часот, а следуваа и неколку паузи за координации и усогласување на ставовите. Ова беше третата по ред лидерска средба, по првите две кои се одржаа минатата недела, едната во проширен состав, а втората во скратен формат по барање на лидерот на опозицијата, Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1