Над главниот град на Грција се гледаат густи облаци од чад.
Повеќе од 70 пожарникари, 30 противпожарни возила и пет хеликоптери се испратени да се справат со големиот пожар кој избил во близина на Кинета, 54 километри источно од Атина.
Густ облак од црн и портокалов чад се гледа над Акропол и Партенон.
Засилениот ветер е дополнителен проблем за пожарникарите, огнот зафатил подрачје под борова шума.