Една жртва во пожарите во Грција, 25 повредени и 10 исчезнати


Грција доставила барање за меѓународна помош во гаснењето на пожарите, соопштија од грчката противпожарна служба.

– Поради големиот обем и интензитет на пожарите и опасноста, нашата земја поднесе барање, преку Европскиот механизам за цивилна заштита, за меѓународна помош по воздух и земја, рече Ставрула Малири портпаролка на грчката противпожарна служба .

Потпретседателот на грчката итна помош Милитиадис Милонас, во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ, рече дека едно лице го загубило животот во пожарите во источниот дел на областа Атика, додека пак 25 лица се повредени и пренесени во болница

Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и нема да присуствува на свеченоста во Мостар, каде што требаше да биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, поради сериозната ситуација со пожарите во областа Атика, и итно се враќа во Атина.

Претходно, Ципрас од Босна и Херцеговина рече дека е во континуиран контакт со надлежните министри кои го известуваат за ситуацијата и изрази надеж дека пожарите ќе се стават под контрола, Тој истакна дека „загрижува фактот што во исто време се појавуваат паралелни жаришта на исток и запад“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1