Невреме вечерва низ Македонија – ова е состојбата во моментов


Ова се температурите оваа ноќ низ Македонија. Некаде сеуште има невреме.

Во моментов северозападно од нас е развиен интензивен олуен систем кој предизвикува поројни дождови, силен ветер, силни грмежи и локална појава на град.

Од доцните претпладневни часови на повеќе места низ држава ќе се развива нестабилна облачност и тоа поради цеклонот Флоријан, која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер претежно од северозападен правец.

Локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења, појава на град и значително количество на воден талог кое може да услови и локални поројни поплави.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени меѓутоа од навечер па натаму истите ќе бележат тенденција на значително опаѓање и повторно ќе бидат под просекот за овој летен дел од годината.

Нестабилното време со чести врнежи, грмежи и услови за невреме ќе се задржи подолг временски период.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1