МНР апелира да не се патува во регионот на пожарите околу Атина


Министерството за надворешни работи соопшти дека досега немаат барања за помош од македонски граѓани за пожарите во Грција и им препорачува на државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во регионите во областа на Атика во околината на Атина.

– Ги информираме граѓаните дека засега македонски државјани не се обратиле за помош во нашето Дипломатско-конзуларно претставништво Атина. Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба, наведува МНР.

Контакт-телефонот на Дипломатско-конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1