Батлерот на Папата, Габриеле, беше осуден на 18 месеци затвор, поради кражба на приватни документи, кои потоа истите ги предал на новинар.
Првичната тригодишна казна му била намалена на 18 месеци, поради претходно чистото досие, и поради тоа што долги години работел во Ватикан и кој што ненамерно, без негово знаење го предал Папата, сметајќи дека на тој начин ја прави исправната работа.
Габриеле бил обвинет дека ја украл приватната преписка на Папата, која ја предал на новинарот Џанлуиџи Нузи. Во документите биле впишани сите пресметки обвинувања за корупција и хомосексуалните врски, кои веќе подолг период го мачат раководството на Римокатоличката црква.
Во неговата последна жалба до судот, во петокот изутрината, Габриеле инсистирал дека не се чуствува како крадец и рекол дека ги изнел приватните преписки на Папата надвор од „висцералната љубов“ поради доброто за црквата и за луѓето. Тој изјави дека Папата не бил информиран за „злото и корупцијата“ во Ватикан и дека откривањето на проблемите ќе ја врати црквата на вистинскиот пат.
Адвокатот на Габриел, Кристиана Ару, изјави дека пресудата била балансирана и дека ја почекала истата за да види дали понатаму ќе поднесела жалба.
Аруа изјави дека Габриеле ќе се врати во својот стан во Ватикан за да започне со издржувањето на казната. Тој беше во домашен притвор од месец јули, откако претходно првите два месеци ги мина во собата за притвор во Ватикан.
Габриеле исто така ќе биде принуден да ги плати судските трошоци. Папското помилување се очекува да се случи, иако засега не е познат датумот за истото.
Во завршните аргументи Аруа инсистираше на тоа дека само фотокопии, а не и оригинални документи, биле земени од Апостолската палата, полемизирајќи со сведочењето на секретарот на папата, кој изјавил дека ги видел оригиналните писма во доказите запленети од домот на Габриел.
Таа го призна делото на Габриел дека е за осуда, но рече дека тоа е злоупотреба на документите, а не и кражба и дека како резултат на тоа, Габриеле треба да отслужи казна за помал сторен криминал.