(ФОТО) Милијарда долари на едно место: Опра со елитата пристигнала во Дубровник на луксузна јахта


Познатата водителка Опра Винфри, во друштво на најдобрата пријателка, новинарката Гејл Кинг, модната дизајнерка Дајен фон Фрустенберг и почесниот претседател на модната куќа „Валентино“, Џанкарло Џиамети, со луксузна јахта допловија во дубровничките води.

Џиамети беше тој што постави фотографии на Инстаграм од ова елитно друштво кое престојува со јахтата во Дубровник.

Опра, според Форбс, во моментов е „тешка’ четири милијарди долари, а Дајан 1,2 милијарди. Гејл Кинг, новинар и уредник на оприниот магазин „O“, има скромни 25. милиони долари. Податоците за богатството на
Џанкарло Џиамметти не се познати, но бидејќи неговиот долгогодишен партнер Валентино Гаравани тежи 1,5 милијарди долари, се претпоставува дека Џиаметти не заостанува многу зад него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1