Приказната за хуманиот бескуќник го трогна светот и почнаа да се собираат пари во специјален фонд за Џони Бобит , каде донирале над 14 000 луѓе . Но , собраните 400 000 долари на чуден анчин исчезнале.
Денеска пред судот одговараше двојката Марк Дамико и Кејт Меклур , кои ја покренаа акцијата. Нивните адвокати потврдиле дека парите ги нема и не знаат каде исчезнале. Адвокатот на бескуќникот , пак рекол дека двојката го користела фондот како лична касичка.
Му купиле облека и автомобил на Бобит , но другите пари се сомневаат дека отишле на дрога. Најпрвин двојката тврдела дека 200 000 долари биле потрошени з апотребите на бескуќникот , но потоа оваа изјава била повлечена .
Јавоста се уште се прашува каде се парите од донациите и дали е можно од 400 000 долари , Бобит повторно да биде бескуќник и без скршена пара.