Дупка на меѓународната Вселенска станица – космонаут ја затворил со прст


По падот на притисокот на меѓународната вселенска станица минатата недела , било утврдено дека има пукнатина , која не е предизвикана од метеорит.

Дупката се појавила на руското летало Сојуз , со која биле донесени руски космонаути. Германскиот космонаут Александар Герст скокнал на помош и ја затворил дупката со сопствениот прст, додека не се најде потрајно решение. Космонаутите импровизирале и леталото вредно милијарди го закрпиле со гумана тапа направена од леплива трака , газа и средство за бричење.

Се појавија и теории за намерна саботажа на леталото од некој космонаут кој можеби сака порано да се врати дома.

Додека не била забележана пукнатината , космонаутите изгубиле воздух доволен за 18 дена престој во Вселенаската станица. Руската вселенска агенција Роскосмос поведе истрага за случајот и за сега сметаат дека пукнатината можеби постоела на леталото уште кога било на Земјата.

Во НАСА не даваат изјави и ги упатуваат прашањата кон Русија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1